Саемот на книгата станува составен дел на работата на Библиотеката Феткин.Се работи за врвна манифестација од културата која е сместена во рамките на „Кавадаречката културна есен„.
Книгата подостапна за читателите,понуда на изданија од познати македонски и странски автори, застапеност на повеќе издавачи од државата.Манифестацијата Саем на книгата и ова година привлече голем број посетители од сите возрасни структура,забележавме повеќе млади луге што е добра работа.
Весна Гркова директорка на Библиотеката „Феткин“ , на чинот на отварањето,рече дека годинава е обезбедена голема концентрација на наслови за сите возрасти.Таа очекува дека понудата на книги ке наиде на добар прием кај посетителите. Саемот е отворен од од денеска до сабота во просториите на Библиотеката “Феткин“
Советничката и претседател на комисијата за празници и манифестации при Советот на Општината д-р Виолета Димитрова го отвори Саемот на книгата во Кавадарци и прочита поезија од Пабло Неруда .