ВО ФОАЈЕТО НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ ИЗЛОЖЕНИ 30 УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ВОГЛАВНОМ ПЕЈЗАЖИ
Викендов во галеријата при домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Горан Јованов од Гевгелија. Тој на кавадаречката јавност и се претстави со 30 делаа воглавном масло на платно. На отварањето говореа уметникот Владимир Темков и директорката на домот на културата Јулијана Туриманџова кои ја истакнаа одличната соработка што како културна установа ја имаат со Јованов кој е идеен творец речиси на сите плакати, каталози, флаери и слично кои се изработиле за сите културни збиднувања во градот.
м.в.