Советот на Општина Кавадарци утре 6.ноември 2018 година ке одржи вонредна седница на која еднинствена точка на дневен ред е: Барање мислење од општината што го достави Министерството за животна средина и просторно планирање за отворање нови линии за проширување на асортиманот на производи и линии за нови производи од ИГМ трејд.“
Седницата е закажана во 12 часот.
ПО ова проблематика и двете советнички групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ на прес конференции се произнесоа против давањето дозвола за пренамена на земјиштете од Г2 во Г1 , а исто така и Градоначалникот Митко Јанчев јавно се произнесе дека „Советот на Општина Кавадарци едногласно изгласа против барањето за пренамена на земјиштето на ИГМ од Г2 во Г1. По ова прашање нема потреба повторно да се дискутира или да се прегласува “.