МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МЛАДИ КАВАДАРЧАНИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ПРОЕКТ ДЕНЕСКА ВО ЗИМСКИ УСЛОВИ ДЕЛЕА ФЛАЕРИ,ЧАЈ,КАФЕ И МЕЗЕ

Ниту врнежите од снег не ги спречија младите кавадарчани кои се дел од проектот „Поддршка на изборните реформи“ денеска со топло чајче или кафенце и малку мезал`к, делејки флаери, да ги споделат со своите сограѓани сознанијата до кои досега дојдоа. Станува збор за проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (МНСМ) чии членки се и дечките од Советот за превентива(СППМД) кои ја реализираа денешната акција.

Конкретно МНСМ ги следи владините предизборни ветувања и нивната реализација. Дечките се поделени во групи а во секоја група поедионци следат одредени конкретни ветувања. Нашите момчиња со кои денес се дружевме конкретно го следат ветувањето поврзано со растот на просечната и минималната плата во Македонија. Според информациите кои ни ги презентираа,пандемијата во голема мерка придонела да се намали темпото на раст на платите но од владата биле оптимисти дека втувањето сепак ке го исполнат до крајот на мандатот.

м.в.

150075284_581281149502856_1480134753377287953_n 149823392_357649691875574_5485110732289531773_n