МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод светскиот ден на ромскиот јазик, 5 ноември, учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров” Кавадарци подготвија пригодна програма со која ќе го одбележиме овој значаен датум за ромскиот народ.

Програма е изведена во градската Библиотека „ФЕТКИН“ , која е дом на книгата и гнездо на културата. Овде се негува јазикот како основно изразно средство за искажување на мислите и чувствата. Иако се различни, сите јазици се всушност исти затоа што ја отвараат човековата душа и се разбирливи за секого.Ромскиот народ има своја култура, народно творештво и се бори за свое место под сонцето. Тој за себе има своја приказна која ја раскажува како аманет за идните генерации и се гордее со своите автохтони вредности.Современите млади луѓе од ромската популација се трудат од себе да направат силни и здрави личности, образовани и еманципирани, ослободени од наследените негативни традиции. Со тоа всушност се вклопуваат во општеството и ги надминуваат стереотипите што претставуваат остаток од минатото.

Рециталот со учениците го подготви професорот Влатко Тасев од СОЗШУ „Ѓорче Петров” Кавадарци а директорката на Библитеката Весна Гркова и колективот секогаш имаат слух и обезбедуваат услови за одржување на манифестаии од ваков тип со цел да се негува пишаниот збор, особено кога се во прашање маргинализираните националности.

444444444444455.jpg333333333333333333111.jpg

20181108_123638.jpg