МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Средбите со граѓаните градоначалникот на Општина Кавадарци првиот човек на градот ги практикува од почетокот на неговиот мандат. Митко Јанчев за секого има време и внимание.

„Вчера градоначалникот г-дин Митко Јанчев оствари средби со 140 граѓани на Општина Кавадарци. На приемниот ден се разговарше за Програмата за наредната, 2019 година и за проблемите со кои се соочуваат жителите на Општина Кавадарци. Градоначалникот заедно со службите и претставник од ЈП Комуналец ги евидентираа проблемите за истите да бидат решени во краток временски период.“

Ова е наведено во соопштението од Кабинетит на градоначалникот на Општината Митко Јанчев, за вчерашниот работен ден во кој тој имаше редовни контакти си граѓаните на Кавадарци.