Локалниот еколошки акционен план е многу важен дoкумент, кој треба да биде донесен.Тој е основа која ке се користи во иднина за сите градежни и други активности кои ке бидат преземани од страна на Локалана самоуправа-Кавадарци, компании и други субјекти за било каква интервенција во просторот, а особено кога се работи за ресурси кои го загадуваат,и загрозуваат или на било кој начин негативно влијаат врз животната средина.
ЗА основниот елаборат - кој е важен појдовен документ ке бидат издвоени околу 1 милион денари од страна на Општина Кавадарци, на него ке работат релевантни факори од сите области на животот, а истиот ке биде поднесен до Министерството за животна средина и просрорно планирање.
Кавадарци мора да има ЛЕАП кој ке придонесе за поздрава животна среднина, и заштита од урбанистичките напади кои ги имаме во градот, истовремено ке се заштитиме и од загадувања на околината а со тоа ќе видиме сметка за здравјето на идните генерации.
Кавадарци сега спаѓа меѓу најзагадените градови во земјата,и мора со ЛЕАП-от да се даде насока за намалување на лошата состојба со воздухот и почвата .Локлната сампоуправа прави напори за ублажување на состојбата преку субвнцонирање за велосипеди,инверет клими, печки на пелети, но сепак најголемиот бенефит се очекува да се случи по воведувањето на гасификацијата во Општината.
Првата јавна расправа синоќа ја организира ЕД„Еко живот„ а учествуваа: градоначалникот Митко Јанчев, Регионалната стопанска комора,, претставници на неколку компании, Еколошки друштва, и други субјекти кои се бират за здрава животна околина.