Градоначалникот на Кавадарци Mитко Јанчев им го честиташе празникот и на вработените жени во општинската администрација, при што им подари црвени рози и им посака добро здравје, среќа и успех во работата
“Во мое лично име, во име на советот и општината, Ви го честитам осми март, меѓународниот ден на жената.На овој празник произлезен од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените, треба да ја потврдиме нашата решителност, секој ден од годината да работиме за остварување на таа еднаквост.Жените играат клучна улога во сите делови од живото во општината Кавадарци.Искрената и берзрезерва поддршка во постојаното развивање на женските права е инвестиција за здраво општество и просперитетна општина.Кога жените се здрави и образовани нивните семејства цутат.Кога жените имаат можност да работат и да заработуваат како рамноправни партнери во општетството, смејствата им напредуваат.Кога жените живеат без насилство нивните семејства се хармонични. А кога семејствата се стабилни, стабилни се заедницата и државата.Соочени со тешката година која ја поминуваме и ние и целиот свет поради пандемијата со КОВИД-19, како луѓе се соочуваме со нашата кревкост и ранливост. А токму Вие жените денес, со одлучност, храброст, посветеност и мудрост чекорите кон надминување на таа реалност чекорејќи кон здрави и подобро општество.Тоа е наша заедничка битка што не води кон промените во едно подобро и попросперитетно општество за сите.“ честиташе Јанчев.