МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПЕРМАКУЛТУРАТА НА „КРЕАКТИВ„-ДЕНЕСКА НА ПАЗАРОТ ВО КАВАДАРЦИ

Проектот за одледување на различни земјоделски култури на едно место на Здружението „Креактив„ е при крај.На Градскиот зелен пазар во Кавадарци активисти на „Креактив“ заедно со кооординарторот Елена Данова, продаваа тикви, бамја и дињи, како и џем од домати-шери и од тикви.Тие се дел одгледани во рамките на проектот за таканаречната Пермакултура.Пермакултура е дизајн метод, со кој се делува во човековата околина и со негова поддршка резултира до одржливи пејзажи кои ја имитираат работата на природните екосистеми. Со поврзување на различни делови на повеќе системи на еколошко чувствителни начини пермакултурата постигнува високи приноси со ниски енергетски влезови, додека, истовремено, всушност ја надградува плодноста низ последователните сезони.

14341406 1191008430955268 566487103 n

Се што е засадено на нивата во атарот на село Марена со наведените и други зеленчуци и овошја, воопшто не се третита со пестициди,напротив и се остава на природата да го компоензира она што човекот не го дава.Единствено редовно се наводнува, и се ѓубри со компост од истата нива.Поголема и подобра еколошки органска храна кај нас,здравје.