МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Тиквешкото Езеро се одржа третата винска регата.

Неколку десетици посетители од земјава и странство беа дел од пловењето со чамци по езерото. Притоа се дегустираше квалитетно вино, а гостите имаа можност да ги видат и природните богатства со кои располага околината.

13241177_484981035038825_1033902766863123471_n.jpg

Од минатогодишната езерска регата

-Целта е на одреден начин да го промовираме Тиквешкото Езеро, неговата околина, културните и историските богатства и наследства во непосредна близина, рече во изјава за медиумите Јован Еленов, претседател на кавадаречкото здружение "Винотек", кое се занимава со промоција на производите од грозје и винскиот туризам.

Во рамките на регатата, меѓу другото, гостите имаа можност да ги набљудуваат и ретките птици грабливки, кои можат да се сретнат на Тиквешко Езеро