Денеска новогодишни приредби беа oрганизирани во две училишта:„Тошо В.Пепето“ и „Страшо Пинџур„ и специјалната паралелка во ова училиште за деца со хендикеп.На средбите присуствуваа наставници и ученици и од родителите на учениците.Дедо мраз и Градоначалникот Митко Јанчев на децата лично им подари пакетчиња .Со нив беше и Баба мразица.
Ова недела градоначалникот Јанчев, како што дознаваме,ќе ги посети и новогодишни пакетчиња ќе бидат поделени и за сите децата од училиштата во Општината , насекаде каде се школуваат или воспитно образуваат деца.
Инаку приредбата кои ги следевме денеска беа посветени главно на доаѓањето на Нова Година и се што таа им носи на децата.
Средбите со децата беа можност во една празнична атмосфера за нив на прагот на новата годината , да надвладее позитивна мисла и желба за поубави моменти наредната година.