Фондацијата Отворено општество донираше 29 000 долари за проширување на капацитетите на детската градинка во општина Росоман. За општина Росоман и градинката „Праскичка“, овој проект и донација е од огромно значење - ќе се прошират капацитетите и целосно ќе се опреми новиот простор на градинката "Праскичка", што е долгогодишен барање на жителите на Росоман. Проектот е подржан од страна на Фондацијата отворено општество со 29 000 долари и Министерството за Труд и социјална политика со 565.000 денари.