НА ДЕНЕШЕН ДЕН (11 јануари 1970 година) по иницијатива на: И. Каровски, Б. Ивановски, Д. Галапчев, Ж. Клинчаров, Т. Ридов, М. Ацев, Б. Камчев, Р. Прескакулев и др., формиран е КК “Тиквеш“.
Прв тренер на клубот е проф. Живко Клинчаров, а подоцна со клубот работеле: Р. Анѓушев, Д. Пецов, Т.Клинчаров, П. Камчевски, О. Тотов, Р.Камчев и др. Прв првенствен натпревар КК“Тиквеш“ го одиграл на против КК “23 Октомври“ од Кочани на кој победи “Тиквеш“ со 102:64. “Тиквеш“ играл во состав: А. Књазев, С. Кировски, М. Спанџов, Б. Петрезанов, М. Ацев, К. Спанџов, О. Тотов, Б. Гечевски, П. Камчевски, З. Мукаетов и А. Галапчев. Најголем успех кошаркарите на КК “Тиквеш“ постигнаа во натпреварувачката 1984/85, кога под водство на тренерот П. Камчевски го освоија првото место во МК Лига. По осамостојувањето на Република Македонија КК“Тиквеш“ во 1992 година избори пласман да учествува во Првата кошаркарска лига на Македонија. Во својата историја овој клуб даде многу значајни имиња, кои го афирмираа овој спорт во земјата и во странство како Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Горан Самарџиев, Ристе Стефанов и др. На фотографијата: К,Спанџов, Б.Гечевски, П. Камчевски, М. Спанџов и О.Тотов во Велес 1970 година.
-Петре Камчевски