Марта Димитров – од Кавадарци во сабота на 2 февруари во 19 часот , во Скопје ке ја промовира својата втора книга.
Дозволете да разубавиме еден час од Вашето секојдневие со поезија.Марта Димитров – во сабота на 2 февруари во 19 часот ,ке ја промовира својата втора книга.По романот „Разголена душа„ издаден во 2018 година вп издание на Издавачката куќа „Ѓурѓа“, Димитров на читателската публика од Македонија овојпат и се претставува со стихозбирката „Мојот храм е внатре во мене„.Поезијата која ја донесува во ова книга, се чита во еден здив.Разбирлива е и достапна за секого .Едноставна а сепак посебна за отсликување на стварноста во која живееме, на нејзин начин.
Стихозбирката е наградена од издавачката куќа “Нов Вавилон„ од Битола со Признание за афирмација на македонскиот јазик и литература. Нов Вавилон е и издавач на ова ново издание на Димитров.Модератори на настанот ќе бидат Сотир Д. Георгиевски и Моника Стојанова, а артисти Ева Димитров Кузев и Моника Стојанова. На присутните ќе им се обрати и авторот.
Промоцијата ке се оддржи во Скопје во просториите на танцовиот клуб „Прима Данца .
Првиот роман на Марта Димитров-„Разголена душа“