МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Плaнот кој го мина филтерот на Советот на општината, предвидува во наредниот период на територијата на Кавадарци да бидат пошумени околу 40 хектари голини.

Општината Кавадарци и Јавното претпријатие „Македонски шуми“ потпишаа Меморандум за деловно техничка соработка со кој се дефинираат определбите на двата субјекти за заедничко делување во насока за реализација на Оперативниот План за пошумување.

Плaнот кој го мина филтерот на Советот на општината, предвидува во наредниот период на територијата на Кавадарци да бидат пошумени околу 40 хектари голини.

Цел на неколкуте акции кои ќе се спроведат за реализација на планот е пошумувањето на долови-поројници, ерозивни терени, голини како и други површини кои се подложни на ерозија. Општината и шумското претпријатие ќе ги превземат овие активност за заштита од потенцијална опасност од поплави покрај течението на реката „Луда Mара“, а се надвор од Генералниот Урбанистички план.

Со оваа соработка Општина Кавадарци и Подружницата „Бор“ на ЈП „Македонски шуми“ директно ќе делуваат и на планот на екологијата, заштитата и унапредувањето на животната средина.