МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И оваа година, по втор пат, Ротаракт клубот ќе ја организира акцијата „Велигден во секој дом“ со која ќе се обидеме повторно успешно да ја реализираме.

„ Ги повикуваме сите кавадарчани да ги донираат прехрамбените артикли, со кои би се збогатила велигденската трпеза на наши сограѓани на кои им е добредојдена. По завршувањето на акцијата ќе се подготват пакети кои ќе бидат распределени за социјално ранливи семејства, во координација со центарот за социјални работи Кавадарци.Акцијата ќе се изведува оваа сабота (20-ти април) од 10 до 16 часот во следните маркети низ градот: Тинекс, Кам Маркет, Маркет Дијана бр. 8 (под ресторан Ексклузив), и Минекс Маркет (наспроти Гоце Делчев).„ се вели во официјалната објава за овој настан од Ротаракт Кавадарци.