МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во организација на Невладината “Financething“- денеска во повеќе општини во Македонија, меѓу нив и во три општини во Тиквешијата (Кавадарци, Росоман и Неготино) се одржаа информативни корнери наменети за буџетската транспареност.

„Денеска, 20-ти март 2019 година, во просториите на општините Кавадарци, Росоман и Неготино беа отворени информативни катчиња за зголемување на свеста на локалното население за нивното вклучување во процесот на изготвување на буџетот на општинско ниво. Отварањето на ова катче е во рамки на активноста „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините“ спроведувана од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На отворањето на информативното катче присуствуваа претставници на општините и претставници на мрежата ФИСКАСТ, кои со заинтересираните граѓани дискутираа за начините за нивно вклучување во креирањето на локалниот буџет. Благој Ѓелевски, претставник на мрежата ФИСКАСТ истакна: „Учеството на граѓаните во процесот на изготвување на буџетот на нивната општина е од важно значење за креирање буџет согласно потребите на локалната заедница. Целта на ова информативно катче е токму тоа: да ги запознае жителите на Кавадарци со можностите за нивно учество во овој процес и да ги информира граѓаните за поврзаноста помеѓу трошењето на буџетските средства и квалитетот на живот во нивната општина.“ Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку три-годишна соработка ја поддржа мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ во процесот на подобрување на праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и зголемување на ефикасноста на трошењето на општинските пари. За повеќе информации за ФИСКАСТ, посетете: http://www.fiscast.mk/.“- се вели во соопштението од денешниот настан.