Проектот за реконструкција на улицата „Скопска“ во должина од 170 метри е во одмината фаза на реализација.
Деновиве се изврши целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ изврши реконструкција на старата и дотраена подземна инфрастуктура. Се постави нова водоводна како и линии за фекална и атмосферска канализација.По извршената реконструкција на подземната инфраструктура ќе следи асфалтирање на улицата.