МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Шест милиони килограми на винско грозје е извезено.Главно се работи за грозје од сортата “вранец.Тоа се извезува во Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина. Во Србија ,вели нашиот извор се носи и мелено грозје или шира. Извозот е колку истиот период минатата година.

Деновиве отпочна и извозот на “смедеревката”.За прв пат се извезува грозје и во Романија, и тоа трпезно,што е добро за освојување и на овој пазар.

Што се однесува до количините околу два милиона килограми десертно грозје е експортирано во други земји .Се работи за сортите “мишел палиер”, “рибиер”, “афус-али”, “страшински”. Трпезното грозје од Тиквешијата како најголем лозарски регион во Македонија, патува најмногу за Русија, но и кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.