Денеска се одржa традиционалната манифестација “Априлијада“. Манифестацијата се одржува по повод Денот на шегата 1-ви Април, во веселото дефиле учествуваа ученици од сите основни училишта од општина Кавадарци, како и од сите клонови на детската градинка “Рада Поцева“, со свои креации на зададена весела тема. Дефилето започна во 11 часот на Кружниот тек во новиот центар на градот, а на финалето на дефилето, на Градскиот плоштад се оддржа пригодна програма подготвена од учениците учесници во настанот.Илјадници граѓани излегоа на улиците за да ја видат прекрасната глетка на “Илинденска„ а посебно на Градскиот плоштад.
Манифестацијата “Априлијада 2019“ е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци, а во соработка со основните училишта и градинките од Кавадарци.