КАВАДАРЕЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НАПРАВИЈА УБАВ СПОЈ ПОМЕЃУ ПРИРОДАТА И УМЕТНОСТА
Синоќа во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на скулптури од лаванда и друга диворастечка флора која ја организираше Здружението на производители на органска храна „Биовита“, а истата е подржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Координатор на проектот е кавадаречката уметничка Симона Манчева а покрај неа во проектот учествуваа и нашите уметници Горан Боев, Трајче Јованов, Ристо Јосифовски Ромбо, Ружица Јосифовски, Сара Милевска, Петар Петков и Соња Самарџиева. На самата изложба и за проектот говореа Влатко Темков и Симона Манчева.
м.в.