МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Само на име на донации во 2018 година се вложени 25 милиони 906 илјади денари.До 4 месец во 2019 година донирани се околу 10 милиони денари.

Градоначалникот Митко Јанчев на денешната седница на прашање на советникот Лазар Туриманџов а потоа и на другиtе советници одговараше на прашања од интерес на сите граѓани на Општината за тековни инвестициони и комунални прашања.

Во 2018 година на име донации во Општината се инвестирани над 25 милиони денари што е половина од вредноста на вкупниот годишен данок на имот кој се собира од граѓаните.Само во првите неколју месеци од ова година на име на донации се вложени над 10 милиони денари, а до крајот на 2019 се очекува вкупната сума да ја надмине минатогодишната.

Ова поволност во финасирањето на Општината се должи пред се на доброто менаџирање со Општината на актуелниот градоначалник и администрацијата во Локалната самоуправа.

Инаку за донираните средства кон Општината пред мандатот на Јанчев, најмалку за 5 години можат да се обезбедат податоци,за повеќе ке биде тешко, беше подвлечено во врска со старите донации на старите гарнитури на локалната власт.

Одговарајќи на прашања поврзани со исполнувањто на буџетот, градоначалникот Митко Јанчев ги наведе извршувањата во моментов, ова лето или до крајот на годината на : Целосното реконструирање на главните градски улици, изградбата на обиколницата, колекторот после село Марена,доградбата на неколку градинки,старт на зонското паркирање, изградба на нова гаража,фукционрање на пазар во новиот центар, примена на новиот ГУП а со тоа и решавање на бројни проблеми поврзани со ГУП за примена на ДУП во Општината,изградбата на кејот во Ваташа и изградбата на пешачката велоспедска патика кон Моклиште, и други најавени проекти.

Од содржината на седницата на која на дневен ред беа 28 материјали: беше дадено зелено светло за субвенционирање на на енергетски и други грејни тела со буџет од Општината до 3 милиони денари , предлог одлуката за кофинасирање на преокт „Изградба на скејт парк и уредување на пешачка и веслоспедска патека на Вардарски Плански регион,Годишен извештај за постапување со отпад на теритоаријата на Општината и други материјали.

000011.jpg