МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Деновиве се одвиваат градежните работи на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“. Во наредниот период ќе продолжи со градежни работи на зградите: бр.13, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, бр.2, ул.„Благој Крстиќ“, каки и на објектите: бр.1 на ул.„Фердо Росомански“, бр.2 (источна фасада), ул.„Тиквешко Востание“ бр.2, ул.„Илинденска“ бр.11 (Халк Банка), ул.„Илинденска“ – Водостопанство Тиквеш, ул.„Илинденска“ бр.32 (стара Палма), ул.„Илинденска“ бр.67 (Тутунска банка), а ќе се интервенира и на Општинската зграда јужна фасада (заден дел).При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетото на опшштината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“.