МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст„По донесените мерки од Владата на Република Северна Македонија во функција и превенција од ширење на корона вирус, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци упатува АПЕЛ до граѓаните/пациенти, да се јавуваат на преглед само во исклучително нужни и итни ситуации, со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метеж по амбулантите и превенција од ширењето на Ковид- 19-Апелот особено важи за категорија на пациенти од над 65 годишна возраст, кај кои постои највисок ризик при евентуална зараза од корона вирус! -Апел и до сите матични лекари на територија на Општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија од кои очекуваме примарно да прават строга селекција на итност, согласно состојбата на пациентите!- Апелираме до граѓаните целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство!

Од Управата на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци„- се наведува во известувањето од Општа болница со проширена надлежнист Кавадарци.