Јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање по проект „За чисто и убаво Кавадарци“

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за активностите според проектот „ За чисто и убаво Кавaдарци“.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и озеленет град и тоа:

Подигање на нови зелени површини низ градот;

Засадување на садници;

Одржување на селски патишта и фудбалски игралишта;

Чистење и одржување на јавната чистота на повеќе локации како што се: градски парк, месноста Моклиште, главните влезови на градот и други локации.

Повикот за пријавување е од 17.05.2019 и е од отворен карактер.