МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По иницијатива на (Извиднички Одред ) ,,Авантуристи" се спушти (ИПО),,Сидро" и секој (ИО) ,,Скаут"го искачи ,,Пелистер"...

И да, токму така оваа приказна ја нарековме ЗИМСКИ КАМП КРУШЕВО 2022, кој се одржа од 18-21.02.2022.

Три Извиднички одреди, три града и само за три дена се сплотивме во едно. Темата и целта на овој камп беше -Ориентација или како полесно да се снаоѓаме на патека, што треба да содржи еден .Извештај, како да се ориентираат и дење и ноќе.

Првиот ден започнавме со ручек. Сите ги кажавме нашите очекувања од кампот. И се запознавме со уникатен поздрав и кажување на име, продолживме со работилници за ориентација, игри а, после вечерата, рапорт за отварање на кампот и ноќен хајк, а со тоа го истраживме Крушево навечер, оваа вечер најголем впечаток ни остави замрзнатото езерро.

Вториот ден бевме на ски-терените каде што сите се искачивме со пешачење до врвот, а од таму погледот беше навистина прекрасен. Имавме инструктор кој нѐ обучи за основните техники во скијањето и на крај се спуштивме седејќи и лизгајќи по разгазениот и замрзнат снег. После ручекот имавме краток одмор и работилници, сесии за ориентација и секако игри. Пред повечерие имавме забава каде што сите игравме и се забавувавме.

Третиот ден после појадокот се поделивме во четири групи измешани од сите одреди. Имавме задача да поминеме стаза на која имаше 4 контролни точки. Последната точка ни беше на Мечкин Камен каде што сите заедно гордо ја пеевме Химната на Република Македонија и Химната на Извидниците, точно пред споменикот. После ручекот имавме краток одмор и прогласување победници. Заклучивме дека сите учесници беа победници, бидејќи сите стигнавме до целта и се вративме успешно. Ноќниот хајк овојпат нѐ однесе до Македониум каде што новите извидници ги изненадивме со тоа што официјално дадоа извиднички завет, а сите други го повторивме заветот. И овој ден исто го завршивме со забава пред повечерије...

Четвртиот ден после појадокот по повод направи добро дело напишавме порака до непознато другарче и бевме во Основно училиште во Крушево каде што секој извидник даде порака и симболична чоко бананка. Се дружевме, игравме игри, разменивме контакти.. Тука за жал заврши авантурата во Крушево и бевме на прошетка во Прилеп. Со тажни лица се разделивме, но сепак ги имаше ведрите насмевки кои едноставно нѐ потсетија дека се изнадруживме до бесвест и си поминавме прејако. Постоеше само една надеж - Повторна средба во најблиска иднина. п.с. Сликите секогаш ќе бидат тука за да се потсетиме колку убаво си поминавме. До следен камп, до следна акција,

СРЕЌЕН ДЕН ИЗВИДНИЦИ СО ИЗВИДНИЧКИ ПОЗДРАВ ЗДРАВО !

Даре Зоков

274520095_482341720059130_7712077691492839186_n 274580783_482341433392492_6242833747070952054_n