МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проектот на Игор Јосифов “Че биде“, премирно беше презентиран во Кавадарци по Венецијанското биенале

Веројатно поради несекојдневниот предизвк да се биде во друштво со едно од најпознатите наши уметнички млади имиња во светот моментно-Игор Јосифов, Галеријата на Музејот во Кавадарци беше полна и жива иако беше сабота, со уметници, граѓани љубители на ликовната уметност, имиња од јавниот живот.Ова изложбата на Јосифов за прв пат пред се презентира пред јавноста во нашата земја.

За неговата биографија и неговиот моментен уметнички предизвик говореше Весна Ѓорѓиева-директорка на Музеј галеријата.Иако релативно млад Јосифов сад себе има богата кариера, со негови престои во многу земји а најчесто е во Сан Франциско.И вечерва во Кавадарци дојдоа негови колеги од факултетит во Монтана каде студира, а присуствуваа деканот и професорката Џуди која зборуваше за него и неговиоит ликовен експеримент кој трае, долго време.

-Процесот на горење ми дава разбирање за тоа каде навистина сум во моментот во мојот живот. Во процесот на перформанс, танцувам со оган. Морам да бидам исклучително внимателен и претпазлив, мора да го контролирам своето дишење и секое негово движење. Но, во исто време, морам да му верувам на огнот и да го разберам – вели Јосифов.

Централен беше портретит на заробеното дело за Нелсон Мандела изработено од македонскиот уметник Игор Јосифов кое беше изложено на ова изложба а првпат е изложено во јавноста Палацо Мора, во рамките на „Лични структури“ на Венециското биенале на уметноста.Станува збор за дело кое Јосифов го создаде во Северна Калифорнија во 2013 година, а подоцна беше испратено во Париз каде што требаше да биде изложено во Големата палата за време на уметничката недела.

Инаку проектот со кој Јосифов се претстави на годинешното Венециско биенале на уметноста е наречен „Че биде“ и е посветен на авторските права. Покрај делото за Нелсон Мандела, овој проект е трансформациска инсталација која го отсликува светот во време на промени што секојдневно се одразува на нашата иднина.

Во контекст на овој настан премиерно беше прикажан филмот “Че биде вистина“. Филмот го снимаше Самир Љума, кој неодамна доби награда на фестивалот „Санденс“ за документарецот „Медена земја“. Во овој уметнички филм покрај Јосифов учествува и манекенката и модел Катарина Ивановска.– Овој филм е базиран врз мојот живот и креативен процес кој е тесно поврзан со приказната што ќе се одвива за време на Биеналето – вели Јосифов.

За учеството на Јосифов на Биеналето во Венеција тој доби финансиска поддршка од приватни спонзорства, како и од германската фондација на Александер Туцек-Стифтунг.Венециското биенале на уметноста годинава е со тема „Да се живее во интересни времиња“, обележени од лажни вести, урнати вредности и различни кризи. Отворањето беша на 11 мај и ќе трае до 24 ноември 2019 година.

20190518_202912.jpg

20190518_201523.jpg

20190518_202342.jpg