РАБОТИЛНИЦАТА НА ТЕМА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ КАЈ МЛАДИТЕ ЈА СПРОВЕДИА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД КАВАДАРЦИ И НЕГОТИНО.ТИЕ СЕ ОБИДУВААТ ДА ЈА УНАПРЕДАТ МЕДИУМСКАТА ПИСМЕНОСТ ОСОБЕНО КАЈ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Синоќа во просториите на библиотеката „Феткин“ во Кавадарци се одржа работилница на која учествуваа средношколци од Кавадарци и Неготино. Работилницата е дел од проектот „Хаштаг медиумска писменост“ спроведен од здружението за едукација тренинг и развој „Прогрес Плус“ од Кавадарци а е поддржана преку ре-грантирање на регионалниот проект „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“. Проектот има за цел градење на капацитетите на граѓанските организации во регионот во насока на унапредување на медиумската и информатичката писменост особено кај младите. Од оваа работилница младите упатија и силни пораки поврзани со медиумската писменост кај младите.
м.в.