Во селото Ваташа интензивно се работи на изградба на новиот мост и проширување на патот пред и после мостот на регионалниот пат кон Витачево и идниот граничен премин „Пулево“.
„Овде се санира и речното корито во должина од околу 180 метри, како и пристапниот и излезниот пат на самиот мост кој ќе биде и променет.
Се работи за мошне значаен проект со кој ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на овој дел од општина Кавадарци. Проект е од огромно значење за жителите на Ваташа и се реализира на нивно барање.
Инвестицијата е во вредност од околу 480 илјади евра, а средствата се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.“-се наведува во известувањето од Кабинетит на кавадаречкиот градоначалник.