МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани

2019 година ја заокруживме како успешна година во делот на здравството.

Имено преку вложување во човечкиот капитал ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа кај здраствените работници, набавивме нова опрема, со што значително ги подобривме условите во јавно-здравствените установи.

Со истото темпо, продолжуваме и во 2020 година.

2020 година ќе биде година на влужување во човечкиот капитал.

Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, ќе успеавме основната плата на лекар-специјалист да ја зголемивме за 40%, а на општите лекари за 25%.

Покрај ова ги зголемивме платите кај медицинските сестри за 20%, и кај здравствени соработници за 15%.

Од февруари платата на лекарите специјалисти со дежурства на клиниките ќе надминува над 100.000 денари, а во општите болници ќе биде приближно до 100.000 денари.

Со ова го остваруваме нашето предизборно ветување за 100.000 денари плата кај лекарите.

Исто така ги зголемивме и надоместоците за дежурства.

Дежурствата во работен ден и дежурствата за викенд и празник се зголемени од два до три пати, а од месец февруари ќе бидат зголемени од четири до пет пати.

Со ова дежурствата кои што порано се плаќа во износ 2.500 денари, сега ќе се плаќаат помеѓу 8.000 и 10.000 денари.

За разлика од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ вложува во човечкиот капитал и обезбедува подобри услови за работа на здравствените работници со што се обезбедува поквалитетна здравствена заштита.

Со СДСМ платите растат многу побрзо, а здравството е на прав пат

Ви благодарам

Сашко Петров , Портпарол на О.О СДСМ Кавадарци„