Општина Кавадарци изврши влосна ревитализација на обиколницата „Северен булевар“.Од денеска ова важна сообраќајница е во функција
Викендот се заврши асфалтирањето, како и поставувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна патна сигнализација, по од денеска ова улица е во функција.Северен булевар“ е капитален објект на Општина Кавадарци со кој се подобри и источниот влез на градот од Неготино кон Прилеп.Проектот е дел од капиталните зафати на општината за реконструкција на главните улици во градот. Носител на договорната обврска е градежната фирма „Бетон“ од Скопје.Финасниските средства се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.„.
Денеска на сообаќајницата беше и градоначалникот Митко Јанчев со соработниците и престседателот на Советот Ристо Сакалиев.Беше извршен увид на извршените работи.ЈП „Комуналец, изврши комплетно миење и чистење на овој дел на градот, каде во интензивна фаза на градба се тротоари од двете страни на улицата.