Денеска ( четвртокот- 4 јули) се одржа првата од серијата на работилници со младите од Тиквешкиот регион дел од проектот Upcycling 4 Youth (долго име Примена на апциклирање за поттикнување на вработувањето на младите) финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Овој проект Еко живот го реализира во партнерство со "Проект ЕУ".
Денешната работилница беше со тема „Апциклираме за на плажа“и младите беа супер креативни и направија наметки за плажа, ташни и слични корисни работи од стари или неупотребливи алишта и материјали. Исто така, една група млади направи клупа од палети.
Следуваат повеќе работилници, сите заинтересирани млади може да не контактираат директно во канцеларијата на Еко Живот, преку FB профилот на проектот www.facebook.com/upcycling4youth или веб страната www.upcycling4youth.eu