Дека во Кавадарци во градското подрачје има смет и ѓубре со отпадоци, покажа денешната акција на ОО на СДСМ. За да имаме чист град и убаво Кавадарци треба секој од нас да даде придонес.Едноставно не треба да фрла отпадоци таму каде НЕ треба.А сигурно она што денеска го чистеа активистите на СДСМ од Кавадарци не се створило само од себе, туку е направено од наши сограѓани, веројатно од оние кои живеат во близина на игралиштето на „Црноречка„.
Затоа и денеска Општинската Организација на СДСМ Кавадарци ја спроведе еколошката акција во месната заедница “Задругар”. Со акцијата беше опфатено игралиштето каде нашите најмали го поминуваат слободното време на улица „Црноречка“. ОО СДСМ Кавадарци продолжува да се грижи за здрава и чиста животна средина во Кавадарци и околината.