МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По 8-ми пат во Музеј-галеријата во Кавадарци се одржа Изложбата на млади ликовни уметници од Кавадарци и нивни гости. Оваа година се претствија 18 ликовни уметници со нивни инсталации инспириани од огледало. Целта на оваа изложба беше да се направи амбиент на целосна интеракција на публиката со уметничкото дело. Реципиентот е ставен во “незавидна” положба затоа што, настрана од сопствената волја, сакал тој или не сакал, зема активно учество во создавањето на самото дело со тоа што неговиот одраз влегува во ликовниот концепт на делото.Со тој чин уметникот покренува многу клучни прашања општествени, социјали, психолошки, интимни, естетски од самиот живот. Реципиентот, имено, се соочува со разни за него непредвидени околности и сретнувајќи се со таа “изнудена” ситуација тој почнува да се согледува самиот во реалноста која вообичаено не ја зема за предвид. Оваа изложба за прв пат беше отворена во 2009 година, од тогаш секоја година изложбата се заснова на одредена идеја, тема, техника, материјал или медиум. Во изминатите години на изложбата имаат учествувано повеќе уметници од Македонија, Србија, Америка, како и уметници од Кавадарци кои живеат и работат во станство.