МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Почитувани претставници на медиумите од Тиквешијата,-знаеме дека предизборната програма за вас беше неверојатно исцрпувачки период, под прангите на притисоци од големите партии, но издржавте храбро и во таа чест ве поздравуваме!

Им благодариме на непристрасното известување на повеќето локални медиуми кои издвоија минути од етерот и известија за активностите на нашиот локален огранок, активностите на партијата на централно ниво, како и презентацијата на Локалната Изборна Програма. Наместо вообичаена прес конференција, ви проследуваме кратка напишана изјава од носителот Круме Богевски за заеднички да ја заокружиме предизборната програма.ж

ИЗЈАВА НА КРУМЕ БОГЕВСКИ- НОСИТЕЛ НА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА ,,ЛЕВИЦА,,-КАВАДАРЦИ

„Без разлика на резултатот во недела на 17.10,2021 година, Левица ЛО Кавадарци ќе продолжи да се бори за подобрување на состојбата на локалното земјоделство, застапување на младинските политики, штитењето на правата на работникот, демократизација на општината и подобрување на транспарентноста на работата на Советот на Општина Кавадарци, во или вон институционално! Нас не не води желбата за власт, ами искрениот ентузијазам за промена!

Мојата порака до народот

Не се откажувајте! Знам дека е тешко да се работи од утро до мрак, за да се овозможат елементарни услови за живот, додека се сведочи како „оние кои кренале раце оттука“ и се иселиле во странство, живеат „океј во најмала рака“. Особено сочувствувам со младите и знам дека патот е преполн со сопки, пречки, препирања, знам дека никој не дава поддршка во тоа што младите го замислиле и дека дури се потсмеваат кога ќе кажеме дека се чувствуваме како да можеме да допринесемеза промената. Но силно верувам дека можеме!

Секој може на свој начин. Можеби некој ќе допринесе преку завршување на високо образование, со неуморни обиди да го врати академскиот и научен дух на универзитетот каде што студира. Можеби ќе допринесе преку важна публикација или поттикнување на општетсвени теми во јавноста и разговор за истите! Можеби промената ќе биде преку одлука за продлжување на некој занает и опстанок на традицијата во локалната чаршија! Сето ова е подеднакво важно другари. Сѐ додека не сме потполно пасивни, потполно апатични, додека нешто се случува, додека потребите на народот се задоволуваат, се случуваат и промените, а секој од нас припаѓа таму каде што се случуваат промените!“- се наведува во изјавата на БОГЕВСКИ.