МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа, денеска на Марија Трајкова и доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари

„Да се помага на луѓето кои имаат потреба од помош е морална одговорност на сите нас. За жал , понекогаш животот ни приредува тешки моменти кои уште потешко се надминуваат. Марија Трајкова на своите 17 години остана без двајцата родители, остана сама да продолжи по патот полн со предизвици. Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општина Кавадарци и вработените во локалната самоуправа, денес, и доделија вредносен ваучер во износ од 247 808 денари за подмирување на наследени обврски се со цел безгрижно да го продолжи своето образование како доста солиден ученик на Медицинскиот факултет во Скопје.Марија ни вети дека преку труд и учење ќе постигне добри резултати и еден ден ќе бидеме горди на неа„ се наведува во статусот на градоначалникот Јанчев на неговата ФБ страница.