МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПОДНОВЕНА E ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО OВА УЧИУЛИШТЕ КОЕ БЕШЕ ПРОГЛАСЕНО ЗА НАЈБЕЗБЕДНО ВО МАКЕДОНИЈА

Реновирани се тоалетите во Основното Општинско училиште “Тошо Велков Пепето” во Кавадарци. Градоначалникот Александар Панов изрази задоволство од спремноста на училиштето во новата учебна година и нагласи дека неодамна токму оваа училишна установа, ја доби наградата за најчисто и најбезбедно училиште, од Министерството за образование на Република Македонија.

-Пред некое време кажав дека инспекцииските органи на локалната самоуправа направија увид на воспитно образовните институции и утврдија дека навистина нивото е задоволително за отпочнување на школската година, овојпат сакав јас лично да се убедам во таквата констатација, рече Панов во изјава за медиумите.

Тој нагласи дека овде има идеални и европски услови за учење на учениците и работа на вработените.

- Училниците пленат со присуство на голем број на ученици и со нивната активност, со уреденоста и среденоста на самите простории со помагала за воспитно образовниот процес, додаде тој.

Директорката Ѓурѓица Алексова изрази благодарност до градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, за одобрените средства за реконструкција.