ЈП Комуналец - Кавадарци согласно својот план за оддржување и обновување на атмосферскиот канализационен систем во град Кавадарци ќе врши реконструкција на метална решетка комплет со бетонски канал која се наоѓа на спој на ул."Слога" со ул. "Страшо Пинџур". Реконструкцијата, како што е обелоденото, ќе се одвива со делумeн прекин на сообраќајот односно затварање етапно по една коловозна лента. Поради тоа прекинот во сообраќајот за тешки товарнќе започне од ден 01.03.2020 година до 19.03.2020 година.
За останатите возила сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента. За тешките товарни возила сообраќајот согласно насоките од сообраќајниот инспектор и МВР ќе се одвива привремено по ул. „Народен фронт" , ул. " Ресавска" и "Западен Булевар", наместо по досегашните ул."Ќиро Крстев" , дел од ул."7ми Септември ", ул."Шишка" и други.