Алексндар Ристевски има големо срце.Тој е полн со хуманизам човечка љубов.По трет пат а годинава на 19 јануари на Водици во Кавадарци го фати чесниот крст и реши, парите кои ќе ги собере од граѓаните кои го бакнуваа да ги намени за хуманитарни цели.
Сите пари кои денеска ги собра на Градскиот плоштад во Кавадарци ги донира вечерва на семејството на Марио Ристов -17 годишно лице со попречености во село Дреново.
Со својот пријател Тони Димов тој го посети домот на Марио и овде се сретнаа со таткому Каме, кому му ги предадоа 13.000 денари.Истовремено ни изјавија дека семејстсвото на Марио е навистина сиромашно, и добро е граѓаните да донираат ако можат и парични средства и облека за Марио, ако ја имаат.Веројатно ова семејство е социјално згрижено но состојбата со инвалидитет каква ја има Марио и состојбата на таткому Каме по последниот инфаркт е причина повеќе човечката хуманост никогаш да не престане.ЗА Ристви биле спроведени и други донации.Семејството е задоволно од нивно сеуште имаат потреба од помош.
Тие ја објавија и жиро сметката која во Еуростандард банка е отворена на име на Каме Ристов со број : 370000017524727, на која можат да се донираат парични влогови.
Ристески е исполнет, и неговата богојавленска мисија е завршена.Нам на останатите допрва ни претстои.