МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст:

"Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани сограѓани,

Почитувани вработени во детските градинки,

Ветивме поголеми плати кај вработените во детските градинки.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваривме.

Еден од клучните приоритети на оваа Влада е зголемувањето на платите во сите сектори. Еден од тие сектори е социјалната заштита или вработените во детските градинки.

Имено почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар вработен во детските градинки доби зголемување на платите од 16 %, што е околу 4 585 денари во нето износ повисоки плати по вработен.

Или поточно нето плата на воспитувач со високо образование се зголеми за (нето) износ од 5. 744 денари, кај негователките платата се зголеми за (нето) износ од 4.339 денари.

И во двете категории на вработени во детските градинки (воспитувачки и негователки) на овој износ не е пресметан износот (минат труд) , што значи, кога ќе се пресмета дополнително на (нето) износот на двете категории, износот на платата дополнително ќе порасне.

За првпат во Република Северна Македонија имаме сериозно покачување на платите кај вработените во детските градинки.

Со оваа мерка Владата предводена од страна на Социјалдемократскиот Сојуз покажува дека е на прав пат во делот на подобрување на условите на вработените во детските градинки.

Ви благодариме

Надица Дамова

Член на Ц.О на СДСМ“