МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани граѓани

Политиките на СДСМ кои се насочени кон градење на праведно општество и еднакви можности за сите граѓани даваат реални резултати.

СДСМ ја исправи долгогодишната неправда кон лицата кои останаа без приходи и го реши статусот на стечајните работници.

Денес, тие повеќе не се граѓани кои живеат на маргините, туку граѓани кои живеат достоинствено и активно учествуваат во развојот на државата.

Со измените на Законот за стечајци, кои беше кочен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, денес 12 илјади стечајни работници добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари до нивното пензионирање.

Преку оваа мерка се исправи долгогодишната неправда кон наши сограѓани, кои не по своја вина, ниту волја , останале без работа и без месечни примања.

СДСМ продолжува со спроведување на процесите кои носат подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.

Градиме фер општество и еднакви можности за сите граѓани.

Преку реални и развојни мерки обезбедуваме повеќе пари за секое семејство и достоинствени услови за живот.

На прав пат сме, и на тој пат продолжуваме заедно со граѓаните и по победата на 12

април.

Сашко Петров

Портпарол О.О СДСМ Кавадарци“.