Асфалтирањето на ул. Димката Ангелов Габерот е во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта’’ .Се работи за површина од 3300м2 и должина од 520метри, откако претходно се извади стариот асфалт и се изгради нов фекален колектор од страна на ЈП Комуналец во должина од 560 метри со коругирани цевки Ф800. Изведувачи на проектот се „ОСД„ Скопје и „Градба Промет“.