Во Тиквешијата денеска заврна дожд.Лозарите велат, нека врне, годината ке биде бериќетна.Да им веруваме .А ние бевме насекаде по малку за да ја почувствуваме атмосферата на закројување на лозјата и овпшките која се негува од одамна во чест на светецот Свети Трифин заштитникот на лозјата и овошките.
На лозовите плантажи на Лепово, присуствував,е поканети од ТИквеш на традиционалното закројување на кое присустцвуваа голем број гхости меѓу кои и претстедателот на Владата Оливер Спасовски, министерот за земјоделие Трајан Димковски ,претстедателот на СДСМ Зоран Заев и голем број амбасадори и други пријатели на најголемата визба на Балканот , ВВ„Тиквеш“.Во Лепово пред камерат ни зборуваа Минисерот Димковски, Николчо Бабовски- директор на Платежната агениција и директорот на ВВ Тиквеш-Радош Вукиќевиќ
Во Кавадарци на Градскиот плоштад повеќе штандови на кои се дегустрираше вино и алкохолни пијалаци и храна .Градоначалникот Митко Јанчев приреди прием а гости му беа голем број амбасадори и премиерот на техничката власа Оливер Спасовски, и министри во Владата.Потоа следуваше пригодна служба на свештеници од двете цркви во Кавадарци и традиционалното - сомболично закројување на виновата лоза.
Пред кавадарчани се обрати градоначалникот Јанчев, а поздрави од Владиката Агатангел испорача отец протојереј Војче Горгиевски, а изјава за медиумите даде техничкиот министер Спасовски.
Денеска попладне и вечер ќе биде изведена богата музичко забавна прогама
 
 

 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			  .jpg) 
			  .png) 
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
			   
 
                         
  
  
  
  
  
 
 
 
					 
 
					 
 
					 
 
					 
					   
					   
					   
					   
					  
                        
                       
					  
                        
                      