Вечерва во 20.00 во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи третото издание на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“.
Манифестацијата е посветена на големиот македонски ликовен уметник Ристо Соколов Сокол .Настанот е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, на кое еден од основачите беше и Ристо Соколов Сокол. Во организацијата на настанот целосно се вклучени членовите на неформалната група уметници “Сокол Арт“, кои денес кративно функционираат како дел од “Алтер Центар“.Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо 2018“ е подржана од Министерството за култура на РМ“.Ќе бидат изложени дела од Ристо Соколов Сокол за прв пат со уметнички фотографии ќе се претстави Билјана Соколова Тодоровска, како и фотографија на Јадран Манчев. Настанот ќе биде дополнет со видео/фото презентација на делото и животот на големиот уметник и човек од неговата приватна колекција, како и од колекциите на неговите долгогодишни соработници Тони Коцев, Јадран Манчев, Марјан Тодоровски, Тони Галабов, Билјана Соколова Тодоровска, Александар Малинков, Деан Мелов Астрато, Трајче Јованов и други, а за музичкиот дел задолжени се членовите на рок бендот Bad-Ass-All и трубадурите од составот “Трио Гранде“.Фотографијата на официјалниот плакат за настанот е на Тони Коцев, а дизајнот на истиот е на Билјана Соколова Тодоровска.