Покрај смет , разни отпадоци, ѓубре кое секојдневно го фрламе од домовите ,некој се „ослободил“ од вистинска артилериска граната.Гранатата со артилериско зрно од 75 мм е пронајдена на депонијата „Мелци„ каде ЈП„Комунаец„ соодветно го складира сметот.Вистинска среќа е што гранатата не била активирана.Упаљачот остананал недопрен од „љубопитните„ трагачи по возбуди.
Во службеиот билтен на МВР 0- од ОВР Кацвадарци се наведува :“ На 14.02.2020 во 08.50 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на депонија „Мелци“ - Кавадарци била пронајдена експлозивна направа. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за артилериско зрно 75 мм. Од страна на одговорно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка.„