МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОКОЛИНАТА НА РЕГИОНОТ НА КАВАДАРЦИ,РОСОМАН И НЕГОТИНО СЕ ГУШИ ВО ДЕПОНИИ.ВКУПНО 32 ДИВИ ДЕПОНИИ.САМО ВО КАВАДАРЦИ ЕВИДЕНТИРАНИ СЕ 21 ДИВА ДЕПОНИЈА-ГЛАВНО ВО РУРАЛНИОТ ДЕЛ НА ОПШТИНАТА.

СЕ работи за проект на тема „Циркуларна економија“кој се реализираше со финансиска поддршка на граѓански организации за мониторинг и застапување заснована на докази во рамки на ЕНВ.нет проектот како и од Европската унија:ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ а го реализира Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко-Живот„- од Кавадарци

Целта беше да се подигне еколошката свест и култура кај населението за управување со отпадот (со акцент на отпадот од хартија и пластика) во насока на циркуларен модел на економијакако и да се направат мапирани и дефинирани пракси за собирање и управување со отпад во Кавадарци и регионот како и да се подигната јавна свест во локалната заедница -кај населението за циркуларна економија преку управувањето со отпад

Во истовреме се изработува акциски план за управување со отпадот во општините во регионот а се врши и континуиран мониторинг на истиот.

Кога би требало да се опише во кратки црти проектот, треба да набележиме се спроведени активностите меѓу кои : Одржување на Регионални Конференции со претставници од локалната самоуправа и институции клучни за проблемот со дивите депонии.

-се водеше дискусија за идентификување на проблемот , актуелизирање на постоечкиот проблем на дивите депонии и иницијативи до локалните власти за надминување на состојбата.

-Се извршија конкретни анализи и дефинирање на проблеми со отпадот во нашата локална заедница и регионот на Кавадарци, Неготино, Росоман.

-направена е теренско истражувања за да се мапирааат постоечките дивите депонии.Создадена е Регионална мапа на постоечките диви депонии.Врз база на добиените податоци создададен е извештај со иницијативи за намалување на количините на отпад, имплементирање и безбедни стандарди на негово депонирање и негово рециклирање,

-анкетирани се граѓаните за проценка на јавното мислење за правилно одлагање на отпадот и подигнување на еколошката свест за негово управување во правец на циркуларна економија,

-одржани се предавања за циркуларна економија во 10 училиштата во Кавадарци, Росоман и Неготино со цел подигнување на еколошката свест и култура за правилно справување со отпадот и негово реупотребување и рециклирање,

-Oрганизираан е Регионален Еко-квиз во одмаралиштето „“Михајлово“ со едукативен карактер за правилно одлагање со отпадот.