МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Стоперот на македонската фудбалска репрезентација, и заменик капитен, Ванче Шиков по само шест месеци го раскина договорот со екипата на Нефчи од Азербејџан.

Искусниот Шиков по преселбата од Австрија Виена во Нефчи се мачеше со повредите, но и со раководството на клубот кое во краток период од сезоната ги префрли сите странски играчи во вториот тим.Веднаш по објавувањето на раскинот на договорот, започнаа шпекулациите за новиот клуб на Шиков кој сега е слободен играч, а според дел од медиумите, најблиску до потписот на кавадарчанецот е белградски Партизан. Корпулентниот дефанзивец во својата богата кариера покрај за Нефчи има настапувано за екипите на Австрија Виена, Волин, Етникос Ахна, Керкира и Ксанти, а во македонското првенство има настапувано за Тиквеш и за Победа. За македонската фудбалска репрезентација Шиков има одиграно 43 натпревари, во кои има постигнато три голови.