Интегрален текст на реакцијата:
„Забеганоста на СДСМ и Зоран Заев нема граница.Во време кога се бројат човечки животи, бројот на новозаразени расте, СДСМ измислува некакви си достигнувања во кои ниту тие сами не веруваат.За нештата да станат појасни: 1.Зоран Заев, СДСМ и најнеспособниот економскиот тим ја носат економијата во амбис, со буџетска дупка од 1,3 милијарди евра2. Три години по ред Република Македонија е оценета како хибриден режим, со најголема стапка на криминал и корупција.3. Заев и СДСМ се задолжија за 700 милиони евра со еврообврзница и тоа единствено за предизборен поткуп а за сметка на тоа го задолжија секое семејство за 1.500 евра пари кои треба да се враќаат со огромни камати. 3. Над 500.000 илјади граѓани живеат на работ на сиромаштијата додека секој четврт работник во земјава зема намалена плата.4. Капиталните инвестиции се на најниско ниво односно заклучно со месец април оваа година изнесуваат очајни 15, 85 % .5. По бројот на странски инвестиции Република Македонија е на дното во регионот по привлекување на странски капитал а за тоа директно се виновни СДСМ и нивните катастрофални политики.6. Според статистиките во Република Македонија има најголем број на починати лица на милион жители од корона вирус, а бројот на новозаразени секојдневно расте и сето тоа како последица на неспособноста на Заев, Спасовски и Филипче.7. СДСМ и Зоран Заев го сменија уставното име на Република Македонија, а трета година по ред Македонија нема добиено датум за почеток на преговорите со Европската унија. Европската перспектива на Република Македонија е закопана помеѓу лагите и неспособноста на Заев и владата на СДСМ. 8. Зоран Заев го распродава македонскиот јазик, идентитет и историја. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ. Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ.Ова се фактите од кои што ниту СДСМ, ниту Зоран Заев не можат да побегнат.Додека цела партија на Заев оди во само изолација тој упорно на штета на здравјето на граѓаните бара брзи избори.СДСМ и Заев ја уништија Република Македонија во секој поглед. СДСМ не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, ниту за доброто на државата.Единствен приорите за Заев е спасот на неговата политичка кариера, а приоритети на функционерите од СДСМ се партиските интереси и луксузирањето на сметка на грбот на граѓаните.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.„
се наведува во реакцијата на вчерашната прес-конференција на СДСМ Кавадарци.