МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната 43 седница советниците донеоа одлука за зaдолжување за изградба на Новиот пазар во Кавадарци.Со задолжувањето воопшто не се зголемуваат давачките на граѓаните , туку отплатата ке се врши врз основа на приходи кои ке се остварат од паркирање и користење на комунални услуги во новата бит зона на уливата „Илинденска„.

Пазарот ке биде во две нивоа со две подземни паркиралишта на пазарџиите и граѓаните со лифтови за достава на стока у други содржини.Ќе се гради според планот, една година, од октомври годинава до октомври 2021.Исто така планирано е да се изгради и нова Бит зона - шеталиште со соодветни содржини-без сообраќај ,на дел од улицата „Илинденска„.Деталите ги образложи градоначалникот Митко Јанчев.

м.д.

116698945_217888176196678_8930997917022266377_n