МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАЈАВА ЗА КОЛОНИЈАТА КЕ БИДЕ ИЗЛОЖБАТА НА ЉУПКА ГАЛАЗКА- ВАСИЛЕВ

Традиционално во овој период од годината Кавадарци е домакин на една од најголемите и најквалитетните ликовни колонии „Кавадарци - Михајлово“.

Колонијата стартува утре, среда 26 август а како предвесник на истата ке биде отворемна самостојната изложба насловена како „Урбан Лиризам“ на Љупка Галазка Василев. Авторката на изложбата е родена во Струмица во 1979 г., а дипломирала на Националната ликовна Академија во Софија, Бугарија , отсек текстил. Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во едно средно училиште. Изложбата ке биде отворена утре во 20 часот во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе„ во Кавадарци.

Веднаш потоа од 21 часот предвидено е и свеченото отварање на ликовната колонија „Кавадарци - Михајлово 2020“ во Хотелот „Уни Палас 2“. На отварањето ке настапат „Пикси и Ване„ како и групата „Епидеми“. Поради пандемијата на колонијата учество ке земат петнаесеттина ликовни уметници, дел со физичко присуство на самата колонија а дел своите дела ке ги реализираат во своите атељеа и потоа ке ги презентираат он-лајн. Дознаваме дека средствата за нејзина реализција се значително скратени.

Во рамките на колонијата покрај веке споменатата изложба на Љупка Василев во четврток 27 август но во Музеј галеријата ке биде отворена уште една изложба на гостинката од Белград Александра Кокотовиќ. Колонијата ке биде затворена во сабота со изложба на делата кои ке бидат создадени на колонијата. Колонијата е поддржана од Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

м.в.

118309731_309870430333943_4900622170621898073_n